НОВИОТ СЕЛЕКТОР НА ШКОТСКА ОТКРИ ШТО ЈА ЧЕКА МАКЕДОНИЈА Покоњоли со големи амбиции пред дуелот во Скопје

39-годишниот Белгиец потпиша двегодишен договор и најави дека сака да изгради нова генерација на шкотската репрезентација.

НОВИОТ СЕЛЕКТОР НА ШКОТСКА ОТКРИ ШТО ЈА ЧЕКА МАКЕДОНИЈА Покоњоли со големи амбиции пред дуелот во Скопје
Фото: Принтскрин

Себастијан Покоњоли официјално е нов селектор на фудбалската репрезентација на Шкотска. 39-годишниот Белгиец потпиша двегодишен договор и најави дека сака да продолжи да ја гради репрезентацијата врз темелите поставени од неговиот претходник Стив Кларк, со посебен акцент на развојот на младите фудбалери.

Покоњоли пред себе има голем предизвик, а првите сериозни тестови ќе ги има во новата сезона од Лигата на нациите. Шкотска ќе настапува во Сегментот Б, каде што ќе се соочи со Словенија, Швајцарија и Македонија.

На својата прва прес-конференција како селектор, белгискиот стратег истакна дека во новиот проект гледа голем потенцијал и дека сака да изгради препознатлив стил на игра.

„Ова е огромен предизвик и проект за развој на иднината на шкотскиот фудбал. Основата што ја поставија Стив Кларк и неговиот тим е одлична, а јас сакам да ја искористам за да ставам поголем акцент на стилот на игра и развојот на играчите за иднината. Шкотска е земја со огромна страст кон фудбалот и токму затоа сум тука“, изјави Покоњоли.

Белгиецот во досегашната кариера работел во француски Монако и белгиски Унион Сен Жилоаз. Како поранешен лев бек, тој ќе биде само вториот странски селектор на машката репрезентација на Шкотска, по Германецот Берти Фогтс.

Шкотска ќе ја започне Лигата на нациите со гостување кај Словенија на 26 септември. Три дена подоцна на домашен терен ќе ја пречека Швајцарија, додека на 3 октомври новиот селектор ќе има уште еден значаен тест – гостување во Скопје против Македонија.

CATEGORIES
Share This