НОВИ ПРОМЕНИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО – Еве што се подготвува во 2026 година

Владеење на правото започнува во судниците и дали системот е подготвен?

НОВИ ПРОМЕНИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО – Еве што се подготвува во 2026 година
Фото: Принтскрин

Денеска се одбележува Денот на правосудството, потсетник дека владеењето на правото започнува во судниците. На овој ден во 1945 година, АСНОМ ја донесе Повелбата за устројството на редовните народни судови, со што беа основани околиски, обласни судови и Врховниот суд.

Денес правосудната мрежа опфаќа 27 основни и 4 апелациони судови, Управен и Врховен суд, како и 26 јавни обвинителства.

Во однос на реформите за 2026,  законот за Судскиот совет предвидува построги критериуми за избор на членови, предлог-закон за Советот на јавни обвинители предвидува транспарентен избор и јавно објавување на одлуките како и донесување на нов Кривичен законик за усогласување со ЕУ и отстранување на уставни недостатоци.

Европската комисија предупредува на недостиг од кадар, притисоци од други власти и потреба од модернизација на судството. Министерството за правда најавува кадровско зајакнување и дигитализација во 2026 година.

Денот на правосудството е потсетник дека независни и ефикасни судови се клуч за еднаква и навремена правда.

CATEGORIES
Share This