НОВИ ПРАВИЛА ВО ШЕНГЕН ЗОНАТА Македонските граѓани влегуваат во новата дигитална ера на гранична контрола

Системот ќе ја замени досегашната практика на ставање печати во пасошите, а целта е поефикасно следење на движењето на државјаните од трети земји, вклучително и оние кои патуваат без виза.

НОВИ ПРАВИЛА ВО ШЕНГЕН ЗОНАТА Македонските граѓани влегуваат во новата дигитална ера на гранична контрола

Македонските државјани наскоро ќе бидат опфатени со новиот Систем за влез/излез (EES) на ЕУ, со кој целосно се дигитализира контролата на надворешните граници на Шенген зоната. Системот ќе ја замени досегашната практика на ставање печати во пасошите, а целта е поефикасно следење на движењето на државјаните од трети земји, вклучително и оние кои патуваат без виза.

Што е EES?
EES е централизирана електронска база на податоци што автоматски ќе го евидентира времето, датумот и местото на влез и излез од ЕУ, како и времетраењето на престојот (максимум 90 дена во рок од 180 дена). Системот ќе испраќа автоматски предупредувања доколку некој го надмине дозволениот престој.

Кого опфаќа?
Системот важи за:

  • Лица од трети земји со краткорочни визи
  • Лица ослободени од виза, но кои не се државјани на ЕУ – како македонските граѓани

Биометриски податоци
При прв влез во ЕУ, патниците ќе бидат фотографирани и ќе им бидат земени отпечатоци од прсти. Овие податоци ќе се чуваат дигитално и ќе се користат за идни гранични проверки.

Постепено воведување
Воведувањето на EES ќе трае 6 месеци:

  • Првите 2 месеци: без собирање биометриски податоци
  • По 3 месеци: 50% од премините со биометрија
  • По 6 месеци: целосна дигитална примена

Во овој период, ќе се користат и печати, но само привремено.

Овој систем ќе ја зголеми безбедноста, ќе спречи манипулации со престој и ќе понуди побрза и потранспарентна гранична контрола за сите патници.

CATEGORIES
TAGS
Share This