НОВИ ФАКТИ И НОВИ ДОКАЗИ – Чекор поблиску до слободата за осудените за 27 април
Денес, Вилијам Михајловски презема силен чекор - поднесени се два нови вонредни правни лекови за слобода!

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев се огласи на социјалната мрежа фејсбук откако Вилијам Михајловски во својство на претседател на Комисијата на Единствена Македонија за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници поднесе два вонредни правни лекови до Основниот кривичен суд Скопје и Јавниот обвинител на Република Македонија со кои се очекува да дојде правдата за неправедно осудените за 27 април.
„Вчера најавив голема иницијатива за неправедно осудените за 27 април. Денес, Вилијам Михајловски презема силен чекор – поднесени се два нови вонредни правни лекови за слобода! Дојдовме до нови факти и нови докази – доволни да ја отворат главната расправа и конечно да ја исправат неправдата. Времето на неправдата истекува. Сè ќе си дојде на свое место! Слобода и правда за уставобранителите!“ напиша Бачев на фејсбук.


