НОВА СТРАТЕГИЈА – Германија ќе се наметне како лидер во обединета Европа, најави Мерц

Мерц говореше на конгресот на ЦДУ, прв пат како канцелар на големо партиско собирање.

НОВА СТРАТЕГИЈА – Германија ќе се наметне како лидер во обединета Европа, најави Мерц
Фото: Принтскрин

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија треба да игра поголема улога во преобликувањето на светскиот поредок. Според него, меѓународниот поредок заснован на права повеќе не постои, јави агенцијата Ројтерс.

„Ова бара создавање на нова стратегија за Германија во рамките на обединета Европа. Покажуваме храброст да ја обликуваме иднината и да се наметнеме“, рече Мерц.

Говорот беше одржан на конгресот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), кој се одржува денес и утре, 21 февруари. Ова е прво големо партиско собирање откако Мерц ја презеде функцијата канцелар во мај минатата година.

CATEGORIES
Share This