НОВА КАВГА ВО НАТО Трамп го бара Гренланд, Данска порача, островот не е на продажба
Трамп повторно ја отвори темата за американска контрола врз Гренланд, додека Данска инсистира дека островот е дел од нејзиниот суверенитет.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, порача дека очекува сојузниците да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Данска, нагласувајќи дека Гренланд не е на продажба. Нејзината изјава уследи откако претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја изнесе идејата Вашингтон да ја преземе контролата врз арктичкиот остров, кој е автономна територија во рамките на Данска.
Фредериксен, говорејќи на самитот на НАТО во Анкара, порача дека меѓународните партнери мора да ги почитуваат границите и суверенитетот на сојузничките држави. Трамп, пак, оцени дека Гренланд треба да биде под американска контрола, а не под данска управа, посочувајќи дека спорот околу островот негативно влијаел врз односите меѓу САД и НАТО.
„Ова е она што ми го наруши односот со НАТО, бидејќи Гренланд не е од корист за Данска“, изјави Трамп.
Американскиот претседател додаде дека Данска не вложува доволно во безбедноста и развојот на Гренланд, додека островот, според него, има големо стратешко значење за САД.
„Гренланд е опкружен со кинески и руски бродови и ние нема да го дозволиме тоа“, нагласи Трамп.
Тој посочува на растечката геополитичка важност на Арктикот.
НОВА ПРОВОКАЦИЈА НА ТРАМП – Објави мапа со Канада, Гренланд, Куба и Венецуела како делови од САД


