НОВА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕУ – Прва и втора лига земји членки во Унијата

Премиерот истакнува дека напредокот не се мери, туку се условува и дека земјата се оценува според барања за промена на Устав, банкноти и знаме.

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЕУ – Прва и втора лига земји членки во Унијата
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија е жртва на булинг од некои земји членки на Европската Унија, кои го условуваат напредокот на земјата во евроинтегративниот процес. Тој посочи дека напредокот не се вреднува според реални достигнувања, туку според политички барања.

„Не се цени според напредок, туку според тоа дали ќе го промениме Уставот, банкнотите, знамето и слично. Колку повеќе тоа го игнорираме, толку потежок ќе биде патот и повеќе препреки ќе имаме. Свесен сум дека дел од политичките гарнитури во минатото имале добри намери, но имало и такви кои, поради неуспехот во справувањето со криминалот и корупцијата дома, побарале бел лист хартија и потпишале сѐ што треба за да останат на власт“, изјави Мицкоски.

Премиерот ја критикуваше и опозициската СДСМ, оценувајќи дека партијата е во политичка криза и се занимава со ширење лажни вести.

„Од СДСМ денес гледаме гранапче кое се занимава со лажни вести и е на прагот на исчезнување. Затоа оваа генерација треба да биде свесна за предизвиците кои следат, вклучувајќи ја и последната иницијатива што се разгледува во Брисел“, додаде тој.

Мицкоски се осврна и на идејата за „прва и втора лига“ земји членки на ЕУ, која се разгледува во Брисел. Тој предупреди дека ваквиот концепт може да создаде несигурност за идниот статус на земјите кандидатки.

„Имаше влијателни членови на Влади кои рекоа: ‘Тоа што и го правиме на Македонија е криминал’. Ова нема врска со вистинските вредности. Треба внимателно да размислиме за иницијативата за прва и втора лига, со многу заштитни механизми и одлуки кои ја штитат нашата земја“, нагласи премиерот.

Тој додаде дека народот треба да биде трпелив и мудар, истакнувајќи дека најголема опасност за една нација се корумпираните лидери.

„Наместо да гледаме во иднината, ние толкуваме чии биле учителите и нивните ученици, без да се утврди вистината“, заклучи Мицкоски.

CATEGORIES
Share This