НОВ УДАР ИЛИ РЕФОРМА – Предлог законот повторно објавен, следува расправа

Прифатени дел од барањата на универзитетите, намалени критериумите за научни трудови.

НОВ УДАР ИЛИ РЕФОРМА – Предлог законот повторно објавен, следува расправа
Фото:

Денеска на платформата ЕНЕР повторно е објавен Предлог-законот за високо образование, во кој се вклучени измените што ги побараа универзитетите, професорите и другите релевантни чинители.

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека се направени бројни корекции со цел да се подобри законското решение. Меѓу нив се намалување на бројот на научни трудови потребни за втор и трет циклус студии, како и намалување на бројот на членови од Владата. Таа посочи дека овие измени не ја нарушуваат автономијата на универзитетите.

Во делот на општествено-хуманистичките науки, прифатено е барањето за вреднување на трудови индексирани во Скопус, без исклучување на Веб оф сајанс. Дополнително, Националниот совет за високо образование ќе подготви нова база на списанија која ќе се зема предвид при изборите во звања.

Јаневска нагласи дека сите предлози што биле оценети како оправдани и добронамерни се прифатени. Таа додаде дека законот останува отворен за дополнителни измени доколку се појават значајни забелешки, по што ќе биде проследен во владина процедура.

Исто така, најави дека денеска на ЕНЕР ќе биде објавен и Предлог-законот за квалитет во образованието.

CATEGORIES
Share This