НОВ ТЕРЕН, НОВИ СТАНДАРДИ – ФФМ вложува во македонскиот фудбал
Целосна реконструкција со нова дренажа, систем за наводнување и тревна подлога

Фото: Принтскрин
Пред крајот на 2025 година, Фудбалската федерација на Македонија успешно го заврши уште еден значаен инфраструктурен проект – целосно е обновен теренот број 1 во Тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Реконструкцијата вклучи поставување нова дренажа, модерен систем за наводнување и целосна замена на тревната подлога, создавајќи услови што ги исполнуваат највисоките стандарди.
Со оваа инвестиција, ФФМ обезбеди современи и квалитетни услови за тренинзи и натпревари на македонските репрезентации, согласно потребите и очекувањата на националните селекции.
CATEGORIES Фудбал


