НОВ НАПАД ОД ТРАМП Европската Унија е позлобна од Кина

Во понеделник, само неколку часа по постигнувањето на договор за намалување на тарифите меѓу САД и Кина, Трамп изјави дека ЕУ е „полоша од Кина во многу аспекти“.

НОВ НАПАД ОД ТРАМП Европската Унија е позлобна од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно предизвика бурни реакции на меѓународната сцена, поради остри критики упатени кон Европската Унија.

Во понеделник, само неколку часа по постигнувањето на договор за намалување на тарифите меѓу САД и Кина, Трамп изјави дека ЕУ е „полоша од Кина во многу аспекти“.

„Европската Унија е во многу погледи позлобна од Кина, во ред?“ изјави Трамп, критикувајќи ја трговската политика на Брисел.

Тој додаде дека европските партнери се однесуваат „неправедно“ кон САД и увери дека ќе попуштат под американскиот притисок.

„О, ќе попуштат. Само гледајте. Ние ги држиме сите карти во свои раце“, рече претседателот, уверено најавувајќи отстапки од страна на европските власти.

Изјавите на Трамп доаѓаат во период на тензии во глобалната трговија, и покрај новиот напредок во односите меѓу Вашингтон и Пекинг. Критиките упатени кон Европската Унија би можеле дополнително да ги влошат трансатлантските односи.

CATEGORIES
Share This