НОВ НАПАД НА УКРАИНА – Погодено срцето на рускиот енергетски систем
Оштетена клучна инфраструктура, нападната рафинерија во Саратов

Украинските одбранбени сили во ноќта меѓу 20 и 21 март извршија напад врз рафинерии за нафта во Саратовскиот регион во Русија, при што беше оштетена клучната инфраструктура, соопшти денес Генералштабот на вооружените сили на Украина преку социјалните мрежи.
Според првичните информации, оштетена е секундарна единица за преработка на нафта и вертикален челичен резервоар со капацитет од 10.000 кубни метри. Податоците за обемот на штетата сè уште се собираат, јавува „Украинска правда“.
Украинската војска наведува дека рафинеријата произведува горива и мазива кои се користат за потребите на руските вооружени сили.
Рафинеријата во Саратов е една од најстарите во Русија, со капацитет за преработка од 4,8 милиони тони годишно според податоците од 2023 година.


