НОВ ФИНАНСИСКИ ИМПУЛС ЗА УКРАИНА – ММФ им одобри нов аранжман од 8,1 милијарда долари

Првата транша од 1,5 милијарди долари ќе се користи за финансирање на буџетскиот дефицит и макроекономска стабилност.

НОВ ФИНАНСИСКИ ИМПУЛС ЗА УКРАИНА – ММФ им одобри нов аранжман од 8,1 милијарда долари
Фото: Принтскрин

Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари, соопшти премиерката Јулија Свириденко.

„Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во Украина во блиска иднина. Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и за поддршка на макроекономската стабилност“ – рече Свириденко, пренесува „Укринформ“.

Според неа, програмата поддржана од ММФ е дел од пошироката фискална рамка на Украина, која треба да го покрие проектираниот буџетски дефицит од 136,5 милијарди долари во текот на четирите години. Програмата исто така продолжува со реформите кои во претходните години обезбедија макроекономска и финансиска стабилност.

Новата програма за соработка со ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, особено за обезбедување на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“ – истакна Свириденко.

Премиерката додаде дека украинската влада неодамна постигнала договор со ММФ за зголемување на годишниот лимит за индивидуални претприемачи, по што тие ќе мора да се регистрираат како обврзници на ДДВ.

CATEGORIES
Share This