НОРВЕШКА ЗАДАВА УДАР НА ИЗРАЕЛ Повлекува 2 милијарди долари од 61 израелска компанија

Норвешкиот државен фонд за богатство — најголемиот таков во светот, изнесувајќи околу 2 трилиони долари — се повлече од 11 од вкупно 61 израелски компанија, во вредност од околу 2 милијарди долари. Овој потег е резултат на јавен притисок и критика за индиректна поддршка на израелските воени акции во Газа.
Иако износот е релативно мал, потегот има голем политички ефект, особено пред парламентарните избори во Норвешка и во светло на растечкото про-Палестинско чувство во општеството.
Во Норвешка, но и во најголем дел од европските земји расте притисокот на јавноста во однос на израелската агресија врз цивилното население во Газа. За потсетување Словенија претходно забрани извоз и транзит на оружје наменето за Израел, а Португалија, Германија и Франција најавија признавање на Палестина.


