НОЌНОТО ФРЛАЊЕ ОТПАД СКАПО ЌЕ ЧИНИ Од утре Скопје ги казнува ноќните отпадници со казни до 1.800 евра

Комуналните инспектори и редари ќе работат 24 часа, казните за прекршителите се до 1.800 евра

НОЌНОТО ФРЛАЊЕ ОТПАД СКАПО ЌЕ ЧИНИ Од утре Скопје ги казнува ноќните отпадници со казни до 1.800 евра
Фото: Принтскрин

Град Скопје воведува забрана за изнесување на отпад по 22 часот со цел воспоставување ред во управувањето со сметот и спречување злоупотреби на контејнерите. Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои ќе работат во три смени – 24 часа дневно.

Градот располага со 20 комунални инспектори и 20 редари, кои постојано ќе бидат на терен. Главната цел е да се утврди каде правните и угостителските субјекти го одложуваат отпадот.

„Веднаш по објавувањето на одлуката во Службен весник, инспекторите ќе добијат распоред за тросменско работење. Сите прекршоци ќе бидат констатирани на лице место“, изјави директорот на „Комунална хигиена“, Драги Митковски за Сител ТВ.

Доколку се пронајде поголемо количество отпад, ќе следи детална контрола кај правните лица. Казните за физички лица изнесуваат 50 евра, а за правните субјекти се движат од 1.300 до 1.800 евра.

Целта на мерката е угостителските објекти и фирмите да престанат да ги преполнуваат контејнерите наменети за домаќинствата и отпадот да се собира поефикасно и навремено.

CATEGORIES
Share This