НИКОЛА РИСТАНОВСКИ СО „ЗЛАТНА АРЕНА“ ВО ПУЛА Македонскиот актер награден за улогата во филмот „Меѓу боговите“

Македонскиот актер Никола Ристановски, долгогодишен првак на Македонскиот народен театар, е добитник на престижната награда „Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула. Тој е награден за најдобра споредна машка улога во малцинската копродукција „Меѓу боговите“ на српскиот режисер Вук Ршумовиќ.
Во филмот, Ристановски ја толкува улогата на преведувач од фарси, кој работи со бегалци од Блискиот Исток. Актерот изјави дека сценариото било извонредно, а подготовката за улогата интензивна – 40 дена во кои работел посветено за да ја долови комплексноста на ликот.
Македонската публика ќе има можност да го погледне филмот во рамки на четвртото издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“, кој ќе се одржи од 7 до 12 август во Дојран.


