НИКАКО ДА СОПРАТ Уште една тешка сообраќајна несреќа во Скопје

На 5 септември 2025 година, околу 14:00 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на булеварот “Крсте Мисирков”. Според информациите, Ј.Х. (66) од Скопје, управувајќи патничко возило “фолксваген поло” со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.Х. (65) од Куманово.
Во последиците од несреќата, пешакот М.Х. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје, каде што му се укажува медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, на местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје, која работи на расветлување на околностите на инцидентот.
CATEGORIES Македонија

