НИ ПО ДЕВЕТ КРУГА НЕМА ДОГОВОР Советот за безбедност не може да избере наследник на Гутереш

Девет круга гласање не донесоа решение за наследникот на Антонио Гутереш. Ребека Гринспен освои десет гласа „за“, но две постојани членки на Советот за безбедност се против нејзината кандидатура.

НИ ПО ДЕВЕТ КРУГА НЕМА ДОГОВОР Советот за безбедност не може да избере наследник на Гутереш
Фото: Принтскрин

Советот за безбедност на Обединетите нации и по деветтиот круг неформално гласање во Њујорк не успеа да постигне консензус за кандидат за нов генерален секретар на светската организација. Неизвесноста продолжува, иако до истекот на мандатот на актуелниот генерален секретар Антонио Гутереш, на 31 декември, остануваат само шест недели.

Меѓу водечките кандидати и во овој круг беше Ребека Гринспен од Костарика, која освои десет гласа „за“, четири „против“ и еден „воздржан“.

Според соопштението на ОН, три од петте постојани членки на Советот за безбедност ја поддржале Гринспен, додека две гласале против неа, што претставува сериозна пречка за постигнување договор.

Ребека Гринспен е меѓу кандидатите кои се највисоко позиционирани во досегашните кругови на гласање. Таа претходно ја извршуваше функцијата генерален секретар на Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД), беше помошник-администратор на Програмата за развој на ОН (УНДП), а во минатото и потпретседателка на Костарика.

И покрај поддршката што ја добива, противењето на две постојани членки на Советот за безбедност засега ја спречува нејзината кандидатура да обезбеди неопходен консензус.

CATEGORIES
Share This