НЕВРЕМЕ ВО СЛОВЕНИЈА – Парализирани повеќе делови (ВИДЕО)

Западниот дел на Словенија, особено подрачјата долж границата со Италија, вчера попладне беше погоден од силна бура што се движеше кон исток во текот на попладневните часови.
Невремето најпрво удри врз регионот на Бовац и Кобарид, продолжувајќи кон Крањ и Камник. Во Љубљана, главниот град на Словенија, силни ветрови проследени со поројни врнежи предизвикаа кршење на гранки и материјална штета на неколку објекти. Повеќе од 6.000 домаќинства останаа без електрична енергија, главно во Хорјул, Полхов Градец, Домжале, Литија и Грошупље.
Според сообраќајниот информативен центар, бурниот ветер корнел дрвја на повеќе локации, при што неколку автопати — вклучително и Долењска и Приморска, како и делови од јужната и западната обиколница на Љубљана — биле целосно блокирани. Возачите се повикани на претпазливост, а службите за итна интервенција се на терен со цел расчистување и нормализирање на состојбата.


