НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСЕДАН ВО ФУДБАЛОТ Одби настап на СП и ја остави јавноста без зборови

Не сака да го загрози местото на фудбалерите кои играле во квалификациите

НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСЕДАН ВО ФУДБАЛОТ Одби настап на СП и ја остави јавноста без зборови
Фото: Принтскрин

Повикот за настап на Светско првенство во дресот на репрезентацијата претставува сон за речиси секој фудбалер. Сепак, постојат и ретки исклучоци.

Францускиот напаѓач Одсон Едуар изненади со одлуката да го одбие повикот во репрезентацијата на Хаити за претстојното Светско првенство.

Играчот на Ленс отворено истакна дека не сака да „заземе нечие место“, бидејќи не бил дел од квалификацискиот циклус во кој Хаити се избори за учество на завршниот турнир.

„Не! Не чувствувам дека би било исправно и прифатливо да играм на Светско првенство, бидејќи таму има фудбалери кои учествуваа во квалификациите. Не сакав да пристигнам во последен момент и да ја искористам шансата да настапам на Мундијалот. Ако треба да играм на СП, тоа треба да го заслужам“, изјави 28-годишниот Едуар.

Хаити успеа да обезбеди историски, прв настап на Светско првенство и ќе игра во група со Бразил, Мароко и Шкотска.

CATEGORIES
Share This