НЕРЕШЕНО ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА – Македонија останува непоразена на турнирот

Марија Јанкуловска донесе водство во последната минута, но Словенија го израмни резултатот

НЕРЕШЕНО ПРОТИВ СЛОВЕНИЈА – Македонија останува непоразена на турнирот
Фото: Принтскрин

Македонската женска ракометна репрезентација одигра нерешено 22-22 против Словенија во второто коло на Меѓународниот турнир во Анкара. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски одиграа квалитетен натпревар, а завршницата беше неизвесна – Марија Јанкуловска во последната минута донесе водство од 22-21, но Словенија го израмни резултатот, а Македонија не успеа да постигне гол за победа во последниот напад.

Да потсетиме, вчера во рамките на првото коло, македонската репрезентација го победи домаќинот Турција со 29-26. Најефикасна во нашиот тим беше Емилијана Ризоска со 11 голови, додека Драгана Петковска забележа 10 одбрани, вклучително и еден седмерец.

Турнирот ќе заврши в недела со дуелот против Словачка, кој започнува во 10 часот.

CATEGORIES
Share This