НЕОЧЕКУВАН ТРАНСФЕР НА ПОВИДОК Дали Даио Упамекано ќе се пресели во ПСЖ?

Се зголемуваат гласините за можен трансфер на Даио Упамекано од Баерн Минхен во Пари Сен Жермен. Според информации од германските медиуми, ПСЖ испратил јасен сигнал до агентите на францускиот дефанзивец, нудејќи му нов договор во случај да одбие понудата од Бајерн. Упамекано, кој е во последната година од својот договор, привлекува внимание од многу клубови, но ПСЖ изгледа дека е најконкретен во своите намери.
Упамекано не крие дека е почестен од поддршката на навивачите, кои му скандираа име во последниот натпревар против Бајерн. „ПСЖ е многу, многу голем клуб, со одличен тренер и магични играчи. Но, тоа не е мојот фокус. Комплетно сум фокусиран на Бајерн Минхен и националниот тим. Сезоната е уште долга, а јас имам агенти кои се грижат за мојата иднина. Сакам да имам што подобра сезона со Бајерн и се надевам дека ќе ги оствариме сите поставени цели на крајот на сезоната“, изјави Упамекано.
Сепак, до сега, главниот проблем помеѓу Упамекано и Бајерн била платата. Французинот смета дека заслужува зголемување на платата и да биде во редот на најплатените играчи, како што се Јошуа Кимих, Џамал Мусиала, Алфонсо Дејвис и Хари Кејн, но клубот за сега не ги исполнил неговите барања. Оваа ситуација создава дополнителен притисок и можност за ПСЖ да го искористи моментот и да го доведе Упамекано во своите редови.


