НЕОЧЕКУВАН ПРЕДЛОГ Филипче бара референдум, еве за што
илипче бара граѓаните да одлучат за иднината на државата преку референдум.

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека иднината на околу два милиони граѓани не смее да зависи од одлуките на еден човек и побара да се распише референдум.
Тој истакна дека прашањето за иднината на државата е од суштинско значење за сите граѓани и не смее да се сведува на дневнополитички пресметки.
„Ова веќе не е политичко прашање, туку прашање што ги засега сите нас, секој граѓанин, секое семејство. Тоа е прашање за нашата заедничка иднина. Ова е референдумско прашање. Не може Христијан Мицкоски да одлучува за нашите судбини“, изјави Филипче.
Тој додаде дека последиците од, како што рече, погрешните политики на власта ќе ги почувствуваат граѓаните, поради што токму тие треба да ја донесат конечната одлука.
„Доста е. Граѓаните мора да одлучат за својата иднина, затоа што тие и нивните семејства ќе ја плаќаат цената на овие политики. Не сакаме сите да ја плаќаме таа цена. Затоа бараме референдум, граѓаните да кажат што мислат“, рече тој.
На прес-конференцијата, Филипче обвини дека власта спроведува пропаганда и дека граѓаните се свесни за тоа
.
„Граѓаните не се наивни, тие ја гледаат вистината. Се создаваат вештачки конфликти и се измислуваат непријатели за да се одвлече вниманието од реалните проблеми. Вистинската причина зошто се одбегнува Европа е затоа што таму има одговорност и отчетност“, додаде Филипче.
