НЕ МОЖАТ СО ЗАБРАНИ ДА НЕ ИЗБРИШАТ – Единствена Македонија поради забрана не присуствува во С’ботско, Егејска Македонија

Голема е мојата тага што денес не сме во можност делегација на Единствена Македонија да биде во С’ботско, во единствената македонска црква во Егејска Македонија поради забраната што ја имам од Атињаните за влез во Грција.

НЕ МОЖАТ СО ЗАБРАНИ ДА НЕ ИЗБРИШАТ – Единствена Македонија поради забрана не присуствува во С’ботско, Егејска Македонија
Фото: Национал

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев се огласи на социјалната мрежа фејсбук по повод денешниот ден на кој се одбележува споменот на Света Злата Мегленска и забраната од Грција за влез поради што не може делегација на Единствена Македонија да биде во на богослужба во С’ботско во единствената македонска црква во Егејска Македонија.

„Денеска се одбележува споменот на Света Злата Мегленска, великомаченичка. Голема е мојата тага што денес не сме во можност делегација на Единствена Македонија да биде во С’ботско, во единствената македонска црква во Егејска Македонија поради забраната што ја имам од Атињаните за влез во Грција.

Таму редовно оддаваме почит, го одржуваме жив споменот на македонската светица и маченица, Света Злата Мегленска со богослужба од Отец Никодим Царкњас. Св. Злата Мегленска храбра Македонка во 1795 година била убиена, поточно обесена од страна на аскерот за време на турското владеење на овие простори во нејзината борба за одбрана на нацијата Македонска и верата православна.

230 години подоцна од погибијата на Св. Злата Мегленска, ние Македонците сеуште сме изложени пред силен предизвик да ја браниме нашата македонска кауза.

Денес, во Република Македонија сме на удар на непријателите на македонското дело со задача да се избрише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.

Меѓутоа, мои Македонци и Македонки, добрата работа е што работите се менуваат, ѕидовите се рушат.

Не можат толку забрани колку што ќе не има повеќе Македонци. Ете, ние доаѓавме тука, во Егејска Македонија, во наша македонска православна црква, во друштво на Македонци од сите делови на Македонија, сите ние тука зборуваме на македонски јазик, а Отецот Никодим Царкњас одржа богослужба на македонски јазик.

Затоа, нашата борба продолжува. Мора да го живееме македонскиот сон. Од ова свето место порачувавме дека чудата се возможни. На крај, Македонија ќе победи.

Ја користам приликата да го повтормам заветот од мое име и од име на Единствена Македонија дека никогаш нема да ја предадаме крвта на илјадници храбри Македонци и Македонки кои го дале животот за нашата горда Македонија.

Македонија од предвечност, до вечни времиња. Амин!“ – напиша Бачев на фејсбук

CATEGORIES
TAGS
Share This