НЕ ГО ЗАБОРАВАЈ ЧАДОРОТ – Попладне дожд во делови од земјава
Попладне се очекуваат локални врнежи од дожд во повеќе делови од земјата.

Фото: Национал
Денеска (23.03.) времето ќе биде променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд и температура во интервал од -1 до 15 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија


