НБРСМ: РАСТ НА ДЕПОЗИТИТЕ И КРЕДИТИТЕ ВО ЈУЛИ – Најзастапени потрошувачките и станбените кредити

Народната банка потенцира дека зголемувањето на депозитите и кредитите е резултат на активното финансиско однесување на домаќинствата и компаниите и на стабилноста на банкарскиот сектор.

Народната банка на Република Македонија соопшти дека во јули забележан е раст на вкупните депозити и кредити, со годишен пораст од околу 13 проценти.

НБРСМ: РАСТ НА ДЕПОЗИТИТЕ И КРЕДИТИТЕ ВО ЈУЛИ – Најзастапени потрошувачките и станбените кредити

Народната банка на Република Македонија соопшти дека во јули забележан е раст на вкупните депозити и кредити, со годишен пораст од околу 13 проценти.

Депозитите на домаќинствата пораснале за 1,1% на месечно и 13,3% на годишно ниво, при што најголем придонес имаат депозитните пари и долгорочните депозити во денари и странска валута. Кредитите на домаќинствата забележале месечен раст од 0,8% и годишен од 10,4%, со најголем пораст кај потрошувачките и станбените кредити, додека автомобилските кредити и кредитите на картички покажуваат помали или негативни промени.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор бележат раст од 0,1% на месечно и 14,5% на годишно ниво, додека кредитите на компаниите се зголемени за 0,4% на месечно и 15,9% на годишно ниво, при што растот главно произлегува од кредитите во денари.

 

CATEGORIES
Share This