НБМ СО НОВИ МЕРКИ Ќе им помогнеме на младите да дојдат до сопствен стан

На новинарско прашање, тој додаде дека ја поддржува идејата за поврат на ДДВ за граѓаните кои првпат купуваат стан.

НБМ СО НОВИ МЕРКИ Ќе им помогнеме на младите да дојдат до сопствен стан
Фото: Национал

Народната банка најавува нови мерки со кои ќе се олеснат условите за граѓаните што првпат купуваат стан, додека за оние кои вложуваат во недвижности како инвестиција ќе се воведат построги критериуми.

Гувернерот Трајко Славески, по средбата со директорот на Агенцијата за катастар, најави дека мерките ќе бидат објавени за една до две недели.

„Цените на становите, особено во Скопје, се премногу високи за приходите на младите. Целта е да им помогнеме на брачните парови и на поединците кои сакаат да го решат станбеното прашање“, рече Славески.

Тој појасни дека лицата кои купуваат сопствено живеалиште претставуваат многу помал ризик за банките отколку инвеститорите, бидејќи настојуваат редовно да ги сервисираат кредитите.

Славески апелираше и до банките да ги проверуваат изјавите на кредитобарателите.

„Кај 73% од становите купени на кредит стои дека се за живеење, но тоа никој не го проверува. Во многу држави лажна изјава се смета за измама и може да доведе до веднаш барање на враќање на кредитот“, нагласи гувернерот.

На новинарско прашање, тој додаде дека ја поддржува идејата за поврат на ДДВ за граѓаните кои првпат купуваат стан.

CATEGORIES
TAGS
Share This