НАВИВАЧ НАПАДНА СОПСТВЕНИК НА ХАПОЕЛ Панатинаикос реагираше со доживотна забрана
Панатинаикос нагласува нулта толеранција за насилство и расистичко однесување

Кошаркарите на Панатинаикос забележаа значајна победа во Евролигата, откако на домашен терен го совладаа Хапоел Тел Авив со 93:82. Сепак, натпреварот ќе остане запаметен и по еден сериозен инцидент што се случи за време на паузата меѓу двете полувремиња.
Тогаш, еден навивач на ПАО физички и вербално го нападна сопственикот на израелскиот клуб, Офер Јанаи, ставајќи го во многу непријатна ситуација. Веднаш по натпреварот, Панатинаикос остро го осуди овој чин, а на навивачот му беше забрането доживотно присуство на натпреварите.
Навивачот ја изгуби сезонската карта и веќе нема да може да влезе во арената ОАКА, каде што игра ПАО. Клубот нагласи дека нема место за насилно и расистичко однесување и дека има нулта толеранција за инциденти кои ја нарушуваат безбедноста и угледот на Панатинаикос.


