НАУЧНИЦИТЕ НАЈДОА НАЈСИЛЕН ДОКАЗ ДОСЕГА Откриено дека има живот на друга планета
Астрономите објавија дека планета оддалечена 124 светлосни години од Земјата е досега најсилниот доказ дека живот би можел да постои надвор од Сончевиот систем

Астрономите објавија дека планета оддалечена 124 светлосни години од Земјата е досега најсилниот доказ дека живот би можел да постои надвор од Сончевиот систем.
„Набљудувањата на планетата „К2-18 б“ од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ открија хемиски траги од диметил сулфид (DMS) и диметил дисулфид (DMDS) – соединенија кои на Земјата се познати само како продукти на животот, пишува Гардијан.
Иако присуството на овие молекули не го докажува постоењето на вонземски живот, научниците истакнуваат дека тоа би можело да претставува клучен чекор кон одговорот на прашањето дали луѓето се сами во вселената.
„Ова е досега најсилниот доказ за биолошка активност надвор од Сончевиот систем. Ние сме многу внимателни – мораме да ја доведеме во прашање и автентичноста на сигналот и неговото значење, изјави професорот Нику Мадусудан од Универзитетот во Кембриџ.
„К2-18 б“, планета во соѕвездието Лав, е речиси девет пати помасивна од Земјата и се наоѓа во таканаречената „населлива зона на нејзината ѕвезда, ладно црвено џуџе“.
Претходните набљудувања укажувале на присуство на водена пареа во нејзината атмосфера, а подоцнежните истражувања покажале присуство на метан.
Мадусудан нагласи дека доколку се открие дека овие молекули се навистина продукти на животот, тоа би бил историски момент.
Сепак, многу научници остануваат скептични, наведувајќи дека постојат други можни хемиски или геолошки процеси кои би можеле да го објаснат присуството на овие молекули.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Astrophysical Journal Letters“ и имаат статистичка веројатност за грешка од 0,3 отсто, што е под стандардот за официјално потврдени научни откритија во физиката.


