НАСОКИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ТЕЛЕВИЗОР – Вашиот целосен водич за избор на совршен ТВ уред
За дополнителна удобност, користете ја апликацијата “Samsung SmartThings” за да го поставите вашиот Smart TV уред и да ги откриете опциите за паметна калибрација.

Многу луѓе сакаат да го подобрат своето домашно забавно искуство, но едноставно не знаат од каде или како да започнат. Водичот за купување телевизори на Самсунг (“Samsung”) е тука за да им помогне да се снајдат во светот на телевизорите и да донесат информирана одлука. Без разлика дали сте љубител на филмови, спортски фан или едноставно барате подобар начин да уживате во омилените серии, овој водич ќе ве води низ клучните фактори што треба да ги земете предвид при изборот на совршен телевизор за вашите потреби.
5 клучни фактори што треба да се земат предвид при избор на нов телевизор
Квалитет на сликата
Квалитетот на сликата е од најголемо значење. Од живописен израз на боите до висока резолуција и HDR, “Samsung” телевизорите нудат импресивни визуелни ефекти кои ја оживуваат вашата содржина. Без разлика дали гледате блокбастер филм или спортски настан во живо, овие телевизори обезбедуваат одлично искуство при гледање. “Real Quantum Dot“ технологијата на “Samsung QLED” моделите носи живописни бои и длабок контраст, обезбедувајќи реалистични визуелни ефекти кои ги фасцинираат вашите сетила.
Големина на ТВ уредот
Телевизорите доаѓаат во широк опсег на големини за да одговараат на секоја просторија. За најдобро искуство при гледање, изберете поголем екран. “Samsung” ТВ уредите од 60+ инчи нудат неверојатна 4K или 8K резолуција, претворајќи ја вашата дневна соба во домашно кино. Надградбата обично значи зголемување на големината. 80% од потрошувачите избираат да преминат на поголем екран кога го заменуваат телевизорот кој веќе го поседуваат.
Дизајн на телевизори
Од елегантни, минималистички дизајни до смели впечатливи парчиња, “Samsung” телевизорите се создадени да го надополнат вашиот домашен декор. Изберете телевизор што одговара на вашиот стил, без разлика дали сакате да биде во централниот дел на вашата соба или речиси невидлив.
Паметен телевизор
Со паметните телевизори на “Samsung”, пристапете до вашите омилени апликации и стриминг содржини без напор. Пребарувајте на интернет, поврзете се со паметни уреди и уживајте во беспрекорна интеграција со вашиот домашен екосистем.
Квалитет на звукот
Препуштете се на акцијата со звук кој ве опкружува и аудио кое ги следи објектите, за надополнување на она што го гледате на екранот. “Samsung” телевизорите нудат кинематографско аудио искуство кое одговара на нивната импресивна визуелна приказна.
Кои се телевизорите со најдобар квалитет на слика?
За оние со доволно простор, “Samsung” телевизорите со 60+ инчи се врвен избор. Овие телевизори нудат 4K или 8K резолуција, нудејќи неверојатни филмски искуства директно во вашата дневна соба. Функцијата “Multi View” ви овозможува да го поделите екранот и истовремено да гледате повеќе типови содржини, како гледање ТВ серија на главниот екран додека можете да го гледате и телефонот од страна.
Резолуцијата на телевизорот се дефинира според бројот на пиксели прикажани на екранот. Додека повеќето телевизори сега нудат барем Full HD (1080p), “Samsung” 8K телевизорите нудат највисока резолуција, неверојатна заситеност на боите и остри детали. Со различни технологии за екрани и опции за квалитет на сликата, “Samsung” обезбедува телевизор за секој начин на живот. Samsung Neo QLED и QLED телевизорите имаат AI алгоритми за длабоко учење кои можат да ги зголемат сликите со ниска резолуција во високо-резолуциски 4K или 8K слики. Со AI Upscaling, што и да гледате, ќе има неверојатна острина и подобрени детали во споредба со оригиналната содржина.
Најдобрите поставки за сликата за вашиот “Samsung” телевизор
“Samsung” телевизорите доаѓаат со претходно поставени режими на квалитет дизајнирани да обезбедат оптимален квалитет на сликата за секоја ситуација на гледање. Без разлика дали гледате филмови, спорт или игри, овие режими ви овозможуваат најдобро искуство без потреба од рачна калибрација.
За да го подобрите квалитетот на сликата на ТВ уредот, прилагодете го вашето искуството со прилагодување на поставките на телевизорот:
- Изберете поставки во менито на вашиот телевизор.
- Изберете слика.
- Изберете експертски поставки.
- Прилагодете ја светлината, острината, контрастот и боите според вашите преференции.
За дополнителна удобност, користете ја апликацијата “Samsung SmartThings” за да го поставите вашиот Smart TV уред и да ги откриете опциите за паметна калибрација.
Бр.1 ТВ бренд
“Samsung” е на чело на пазарот на телевизори веќе 20 години по ред, благодарение на својата посветеност на иновации и квалитет. Со широк спектар на телевизори кои нудат најсовремена технологија и елегантен дизајн, “Samsung” продолжува да го поставува стандардот за домашна забава.
Откријте го совршениот “Samsung” телевизор за вашиот дом денес и подигнете го вашето искуство на гледање на повисоко ниво, како никогаш досега.
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.



