НАДЗОР ВРЗ АНБ – Пратениците ја напуштија МВР низ службената капија, податоците остануваат тајни
На заминување, пратениците добија сувенири - шишиња вино со амблемот на АНБ

По надзорот во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), пратениците ја напуштија зградата на МВР низ службената капија и без мобилни телефони. Детали за разговорите не открија, повикувајќи се на класифицирана информација, но најавија дека ќе следи соопштение од собраниските служби.
„Имам подготвено 30 прашања, ме интересира статусот на полиграфистот и смената на шефот на внатрешна контрола,“ рече Славјанка Петровска од СДСМ.
Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ пак порача дека службите треба да бидат „чувари на државата, а не генератори на кризи“.
Опозицијата реагира дека повеќе од шест месеци не добива безбедносни сертификати и на тој начин се оневозможува нивното учество во надзорот.
На заминување, пратениците добија сувенири – шишиња вино со амблемот на АНБ. Утре, надзор ќе се спроведе и во Агенцијата за разузнавање.


