НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ – Во месец март уметност, традиција и раскош
Мартовскиот репертоар на МОБ нуди врв на оперската и балетската уметност

Националната опера и балет го најавува мартовскиот репертоар, кој ја вклучува оперите „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Џакомо Пучини, како и балетот „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски.
„Во време кога вистинските културни доживувања стануваат сè поретки, со особена чест ве покануваме да го доживеете март во МОБ и месец посветен на уметноста, традицијата и извонредноста. Мартовскиот репертоар обединува три ремек-дела кои го претставуваат врвот на оперската и балетската уметност, нудејќи атмосфера на достојанство, префинетост и длабока уметничка емоција. Секоја изведба е внимателно подготвена со цел да создаде незаборавно културно искуство“.
Операта „Тоска“ носи драматична енергија и силна сценска експресија, прикажувајќи го вечниот судир меѓу љубовта и моќта. Првата изведба е на 6 март во 19:30 часот.
„Мадам Батерфлај“ раскажува длабоко човечка и деликатна приказна, нагласувајќи ја убавината на искрената емоција. Изведбата е закажана за 13 март во 19:30 часот.
Балетот „Оревокршачка“ создава магична атмосфера на елеганција и сценска раскош, претворајќи ја секоја вечер во вистински празник на уметноста. На репертоар е на 28 март 2026 година.


