НА ПОВИДОК РЕШЕНИЕ – Рускиот „Лукоил“ го купува американскиот „Карлајл груп“
Трансакцијата се однесува на единицата „Lukoil International GmbH“ и зависи од регулаторни одобренија во САД

Руската нафтена компанија „Лукоил“ соопшти дека постигнала договор за продажба на поголемиот дел од својот странски капитал на американската инвестициска компанија „Карлајл груп“. Вредноста на оваа голема трансакција се проценува на околу 22 милијарди долари.
Како што јавува новинската агенција ТАСС, предмет на продажбата е компанијата „Lukoil International GmbH“, преку која „Лукоил“ управува со сите свои меѓународни средства и операции. Спроведувањето на договорот ќе зависи од исполнување на повеќе регулаторни услови.
Од „Лукоил“ нагласуваат дека за финализирање на трансакцијата е неопходно одобрување од американските институции.
„Договорот не е ексклузивен и неговата реализација е условена од добивање на сите потребни регулаторни согласности, вклучително и дозвола од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД“, се наведува во соопштението.
„Карлајл груп“ е еден од водечките светски инвестициски фондови, основан во 1987 година во Вашингтон, кој во моментов управува со капитал од околу 426 милијарди долари.

