НАЈГОЛЕМ РУСКИ НАПАД ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА Нападнати цели низ Украина со 300 дронови и 70 проектили
Меѓународната новинска агенција Ројтерс оцени дека ова претставува еден од најголемите воздушни напади врз Украина од избувнувањето на конфликтот во 2022 година

Фото: Принтскрин
Русија синоќа ја изврши една од најмасовните воздушни офанзиви врз Украина од почетокот на војната, при што беа користени 298 беспилотни летала и 69 проектили, соопшти украинското воено воздухопловство.
Според истите извори, украинските одбранбени сили успеале да соборат 266 дронови и 45 проектили, пренесува агенцијата Укринформ. Цел на нападите бил поголемиот дел од украинската територија, соопштија воените власти.
Меѓународната новинска агенција Ројтерс оцени дека ова претставува еден од најголемите воздушни напади врз Украина од избувнувањето на конфликтот во 2022 година.
Засега нема прецизни информации за жртви или материјална штета, но се очекува дополнителни детали да бидат објавени во текот на денот.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


