НАЈДОСКИ И НОВЕСКИ ПРОТИВ АНГЕЛОВСКИ – Тргни ја суетата и личните фрустрации, репрезентацијата е на прво место

НАЈДОСКИ И НОВЕСКИ ПРОТИВ  АНГЕЛОВСКИ – Тргни ја суетата и личните фрустрации, репрезентацијата е на прво место

Кавгата во македон скиот фудбал продолжува. По прес-конференцијата на Масар Омерагиќ и жестокиот одговор на поранешниот селектор Игор Ангеловски, со своја реакци се јави поранешните фудбалери Илија Најдоски и Николче Новески во одбарна на Омерагиѓ и Пандев.

Најдоски познат по својата борбеност и успеси не штедеше зборови, обвинувајќи го Ангеловски за лични фрустрации и опструкции. Тој потенцира дека однесувањето на Ангеловски не е изолирано, туку продолжува практика која траела и за време на периодот на Благоја Милевски.

„Начинот на кој Ангеловски повторно настапува само потврдува дека со години бил фактор што ја нарушува атмосферата околу репрезентацијата. Истото го гледавме и за време на Милевски – наместо поддршка, имаше постојани опструкции и обиди за влијание. Тоа не ѝ помага на Македонија“, вели Најдоски.

Легендата жестоко реагираше и на наводните навреди кон постарите генерации фудбалски работници.

„Нека му служи на чест тоа што нас, кои сме дале многу за македонскиот фудбал, нè става во категорија ‘стаорци’. Тоа зборува повеќе за него отколку за нас. Искрено, тој не е личност што заслужува моја реакција, но ова ја надминува секоја мера“, истакнува Најдоски.

Најдоски нагласува дека пред баражот со Данска најважно е единството, а не личните конфликти.

„Македонскиот фудбал нема потреба од поделби и лични фрустрации. Потребни се почит, одговорност и поддршка. Репрезентацијата е над секој поединец и така мора да остане!“ – вели Најдоски.

Со реакција се јави и Николче Новески поранешен играч на Мајнц и поранешен репрезентативец со 64 настапи и 5 голови кој се обиде да ги смири тензиите со културен и умерен тон.

„Мислам дека е време за нови лица и за развој на стручни кадри во фудбалот. Секој треба да добие шанса, а времето ќе покаже дали довербата е оправдана. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек чија лична суета и карактер доаѓаат во прв план. Во овој момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби. Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија“, изјави Новески.

46-годишниот битолчанец долго време настапуваше во одбраната на македонската репрезентација заедно со сегашниот селектор Гоце Седлоски, а од септември е ангажиран во ФФМ како раководител на скаутинг службата.

CATEGORIES
Share This