НАЈАВЕНИ ПЛАНИРАНИ ЗАФАТИ ВО МРЕЖАТА Денеска без струја делови од Карпош и Сарај

НАЈАВЕНИ ПЛАНИРАНИ ЗАФАТИ ВО МРЕЖАТА Денеска без струја делови од Карпош и Сарај

Дел од скопските населби денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Во општина Карпош, без напојување од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „Пелистерска“ 4–1/8, додека во општина Сарај, од 9:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „3“ и „5“, како и околните објекти во нивна близина.

Од РЦУК апелираат граѓаните навремено да ја планираат својата работа и активности во наведениот период, сè до завршување на зафатите.

CATEGORIES
Share This