МВР СЕ ОГЛАСИ ПО ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Еве што регистрирала полицијата во текот на изборниот ден
Изборниот процес во Брвеница помина мирно и без ниту еден инцидент, соопшти Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека во текот на целиот ден биле преземани мерки за гарантирање на безбедноста на граѓаните.

Изборниот процес во општина Брвеница заврши во мирна и безбедна атмосфера, без нарушувања на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според Министерството, во текот на целиот изборен ден полициските службеници преземале соодветни мерки и активности во рамките на своите законски надлежности, со цел да се обезбеди непречено и безбедно спроведување на гласањето.
„МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување поволна безбедносна состојба“, се наведува во соопштението на Министерството.
Од МВР потврдуваат дека изборниот ден во Брвеница завршил во најдобар ред, без безбедносни инциденти и без нарушување на јавниот ред и мир.

