МВР ГО ИЗНЕНАДИ СВОЈОТ КАДАР – Линеарно покачување на платите кое сите го чекаа

Покачувањето започнува со мартовската плата и важи за сите вработени.

МВР ГО ИЗНЕНАДИ СВОЈОТ КАДАР – Линеарно покачување на платите кое сите го чекаа
Фото: Принтскрин

Министерството за внатрешни работи (МВР) известува дека, согласно новата минимална плата, сите вработени ќе добијат линеарно покачување на бруто платата од 2.470 денари, почнувајќи со исплатата за март 2026 година.

Во иднина, со примена на новиот Закон за внатрешни работи, ќе се разгледа можност за дополнително покачување на платите.

МВР продолжува да работи на подобрување на условите за работа и стандардот на полицијата, со цел зголемување на безбедноста на државата и граѓаните.

CATEGORIES
Share This