МУЦУНСКИ СЕ СРЕТНА СО КОС ВО БРИСЕЛ Се разговарало за заедничките безбедносни предизвици
На средбата беше потврдена силната посветеност на Северна Македонија кон евроинтеграциите, реформските процеси и усвојувањето на потребните закони.

Министерот Тимчо Муцунски во Брисел се сретна со еврокомесарката за проширување Марта Кос. На средбата беше потврдена силната посветеност на Северна Македонија кон евроинтеграциите, реформските процеси и усвојувањето на потребните закони.
Соговорниците разговараа и за заедничките безбедносни предизвици и продлабочување на соработката во безбедноста и одбраната. Еврокомесарката Кос ја изрази поддршката за европскиот пат на државата и го поздрави континуитетот на реформите по локалните избори.
CATEGORIES Македонија


