МУ ВЕТИВ НА ПУТИН, ЌЕ БИДАМ ВО МОСКВА НА 9 МАЈ, Но Србија останува на европскиот пат вели Вучиќ

Србија е на европскиот пат и нема да отстапи од него, подготвен сум да добијам секаков вид санкции.

МУ ВЕТИВ НА ПУТИН, ЌЕ БИДАМ ВО МОСКВА НА 9 МАЈ, Но Србија останува на европскиот пат вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека на 9 мај ќе отпатува во Москва, каде што ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата. И покрај критиките и шпекулациите, тој нагласува дека Србија нема да се откаже од европскиот пат.

„Немаат друга тема, светот гори, не знаат што да прават со Украина, со прекинот на струја… Замислете 24 часа да снема струја во Србија, ќе не обесат за нозе. Но, главниот и единствен проблем им е ова“, изјави Вучиќ, алудирајќи на дел од меѓународната заедница и домашната опозиција.

Тој додаде дека посетата на Москва е обврска што произлегува од ветување дадено на народот. „Му реков на Путин дека ќе дојдам во Русија на 9 мај. Врзан сум со мојот збор. Никој друг не треба да оди, ќе одам јас – освен ако не дојде до нешто неочекувано или не се упати сериозна закана до Србија“, истакна тој.

Претседателот повтори дека Србија и по оваа посета ќе остане на својот стратешки курс кон Европската унија. „Тоа не можеме да го промениме. Тоа беше ветување дадено пред изборите“, рече Вучиќ, потенцирајќи дека е подготвен да се соочи со секој вид на притисок или санкции поради својата одлука.

CATEGORIES
TAGS
Share This