МОСКВА СО ПОРАКА ДО ВАШИНГТОН Нема конкретен предлог за нова средба со Виткоф и Кушнер

Захарова открива што се случува зад кулисите: Русија тврди дека сè уште нема официјално барање, но е подготвена за средба во краток рок.

МОСКВА СО ПОРАКА ДО ВАШИНГТОН Нема конкретен предлог за нова средба со Виткоф и Кушнер
Фото: Принтскрин

Русија не добила никакви конкретни предлози во врска со можната посета на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Внимателно го следиме ставот на Вашингтон за решението на украинскиот конфликт. Не добивме никакви конкретни предлози во врска со нови средби со американските преговарачи, бидејќи тие очигледно во моментов се преокупирани со ситуацијата на Блискиот Исток. Подготвени сме да организираме таков состанок на краток рок“, изјави Захарова, пренесува ТАСС.

Таа се осврна на неодамнешната изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио дека се потребни нови идеи во преговорите за украинското решение.

CATEGORIES
Share This