МОСКВА ЈА ОТВОРИ ВРАТАТА ЗА СРЕДБА ПУТИН – ЗЕЛЕНСКИ Прво ова мора да се случи

Во однос на потенцијална комуникација меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Песков изјави дека Кремљ ќе ја информира јавноста само доколку таков разговор биде оценет како целисходен.

МОСКВА ЈА ОТВОРИ ВРАТАТА ЗА СРЕДБА ПУТИН – ЗЕЛЕНСКИ Прво ова мора да се случи
Фото: Фејсбук

Москва ја отвори вратата за можноста за директна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но ја услови со конкретни резултати од тековните преговори меѓу двете делегации. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во денешното обраќање до медиумите.

„Средба меѓу Путин и Зеленски може да се одржи само ако делегациите на Русија и Украина постигнат одредени договори. За нас е од суштинско значење и кој точно од украинската страна ќе ги потпише тие документи“, изјави Песков.

Тој потврди дека работата на делегациите продолжува и оти е постигнат договор за размена на списоци со услови за евентуален прекин на огнот. Во моментов се работи на реализација на иницијативата „1000 за 1000“, што подразбира размена на заробеници.

„Списоците сè уште се подготвуваат, но не можам да откријам детали. Преговорите се водат во затворен формат“, рече Песков.

Во однос на потенцијална комуникација меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Песков изјави дека Кремљ ќе ја информира јавноста само доколку таков разговор биде оценет како целисходен.

Коментирајќи ги наводите на медиумите, вклучително и „Ројтерс“, за евентуален неутрален статус на Украина и можни територијални отстапки, портпаролот на Кремљ беше дециден:

„Нема да ги коментираме таканаречените протечени информации. Преговорите мора да се водат во тишина“, заклучи Песков.

CATEGORIES
TAGS
Share This