МАКЕДОНСКИОТ БУГАРИН ПЕРЕВ ГО ТРЕСЕ КОНТИНЕТОТ – Бил навреден на скопските улици и Радев и Џамбаски бараат цела ЕУ да се крене
Бугарија се крена на нозе - претседателот Радев, бугарското МНР, Џамбаски, сите бараат истрага за инцидентот со македонскиот Бугарин Владимир Перев кој од минувачи бил навреден и оттурнат по скопските улици

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, оцени дека Република Северна Македонија итно треба да спроведе ефикасна истрага и да ги санкционира сите напади врз припадници на бугарската заедница во земјата. Според него, тоа е единствениот пат кон напредок во европската интеграција на земјата.
Радев го коментираше нападот врз членот на бугарската заедница, Владимир Перев, кој се случи изминатиот викенд:
„Јас многу јасно им кажав на претседателот и на премиерот дека случајот со Владимир Перев е добра прилика конечно да се започне со конкретни чекори, бидејќи мотивот и сторителот се јасни.“
И Министерството за надворешни работи на Бугарија вчера го изрази својот став:
„Категорично го осудуваме уште еден чин на насилство од омраза врз Бугарин во Република Северна Македонија – феномен кој, за жал, е поттикнат од моменталната општествено-политичка атмосфера и антибугарската реторика“, се наведува во соопштението на бугарската дипломатија.
Со реакција се јави и контроверзниот бугарски политичар Ангел Џамбаски поради инцидентот со македонскиот Бугарин Владимир Перев и испрати отворено писмо до Европскиот парламент и Европската комисија. Според него Европа молчи пред „систематските напади врз Бугарите во Северна Македонија“ и го нарекува „морален и правен неуспех“.
Во писмото, Џамбаски бара, Јавно признавање на прекршувањата против бугарската заедница, напредокот во преговорите да зависи од реални резултати според Поглавје 23, прекин на формалниот „напредок“ кој ги прикрива реформите, јасна порака дека Европа нема да толерира насилство и дискриминација.
Реакциите следуваат како резултат на инцидентот со новинарот Владимир Перев, кој се води како член на бугарската заедница во Северна Македонија дека бил физички нападнат во Скопје. Перев, на 80 години, изјавил за македонскиот портал „Трибуна“ дека бил удрен во лицето од маж кој е двојно помлад од него. Напаѓачот, наводно, му ги скршил очилата и извикувал дека Бугарите треба да се вратат во Бугарија.
Бугарија очекува надлежните органи во Северна Македонија да преземат брзи и ефикасни мерки за истрага и правда.
Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се особено затегнати во последната година, главно поради прашањето за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав.

