МКС ГО ИЗГУБИ УГЛЕДОТ – Унгарија не го уапси Нетанјаху во Будимпешта оти нема да служи за политички игри

Тој истакна дека Унгарија одамна ги предупредувала меѓународните партнери на политичката пристрасност во работата на Судот и оцени дека актуелната ситуација само ја потврдува исправноста на унгарската одлука да се дистанцира од МКС.

МКС ГО ИЗГУБИ УГЛЕДОТ – Унгарија не го уапси Нетанјаху во Будимпешта оти нема да служи за политички игри
Фото: Н ационал

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска соопшти дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) презема правни чекори против Унгарија поради тоа што не го уапсила израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговата неодамнешна посета на Будимпешта.

„Со оваа постапка, МКС го изгуби секој кредибилитет. Судот, наместо да остане непристрасен правен орган, се претвори во инструмент на ситна политичка одмазда“, напиша Сијарто на социјалната мрежа X.

Тој истакна дека Унгарија одамна ги предупредувала меѓународните партнери на политичката пристрасност во работата на Судот и оцени дека актуелната ситуација само ја потврдува исправноста на унгарската одлука да се дистанцира од МКС.

„Судот ја напушти својата првична мисија – да обезбедува правда и се претвори во политичка институција. Меѓународните тела не смеат да бидат средство за спроведување политички агенди. Тие треба да служат како фер и независна платформа за решавање на спорови“, додаде Сијарто.

CATEGORIES
TAGS
Share This