МКЕДОНИЈА ПРОТИВ ДАНСКА – Историски натпревар за Мундијалот
Навивачите се спремни, распродаден стадион и максимална поддршка.

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:45 часот го игра полуфиналниот плејоф-натпревар против Данска на „Паркен“ во Копенхаген, со надеж за пласман на Светското првенство. Под водство на селекторот Гоце Седлоски, македонскиот тим се соочува со голем предизвик, но истовремено има историска шанса да се избори за место на најголемата светска фудбалска сцена.
„Ова е голем момент за сите нас. Имаме можност да се бориме за место на Светското првенство, а тоа мотивира и ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина. Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите ја сфаќаат важноста на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на теренот. Деталите одлучуваат во вакви натпревари, а ние имаме што да покажеме. Благодарност до навивачите и нивната поддршка ни дава дополнителна енергија“, изјави Седлоски.
Капитенот Енис Барди додава дека во тимот владее единство и победнички дух:
„Добро ги анализиравме противниците и ги подготвивме сите детали. Свесни сме со кого играме и што нѐ чека, но и ние имаме свои адути. Претходните натпревари ни донесоа важни лекции кои нѐ подобрија како тим. Новите играчи се вклопија одлично, а атмосферата во тимот е на високо ниво и функционираме како едно. Сега останува тоа да го покажеме на теренот“, рече Барди.
Натпреварот Данска – Македонија започнува вечерва во 20:45 часот на „Паркен“, а целиот стадион е распродаден.


