МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ – Откриени измамнички реклами кај финансиските друштва

Примери на неправилности кај финансиските друштва

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ – Откриени измамнички реклами кај финансиските друштва
Фото: Национал

Министерството за финансии при надзорот на работењето на финансиските друштва откри измамнички трговски практики. Овие практики се однесуваат, меѓу другото, на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија што се спротивни на Законот за заштита на потрошувачите.

При надзорот беа забележани следниве неправилности: Рекламирање на кредити со 0% камата, иако договорите предвидувале дополнителни трошоци, рекламирање на услуги под брендови без јасно наведено финансиското друштво што ги нуди, користење на повеќе веб-страници од страна на исто финансиско друштво и користење на назив на друштвото во деловните простории различен од оној што е утврден во дозволата за работа.

Министерството на сите друштва со утврдени неправилности им наложи да ги отстранат сите реклами и натписи кои може да доведат до заблуда кај граѓаните. Во спротивно, ќе бидат преземени соодветни мерки за заштита на корисниците на финансиските услуги.

Финансиските друштва се должни да го користат исклучиво називот од дозволата за работа издадена од Министерството и да користат една веб-страница која јасно го идентификува друштвото.

Според Законот за заштита на потрошувачите, трговската практика се смета за измамничка ако во неа недостигаат битни информации кои на потрошувачот му се потребни за да донесе правилна одлука.

CATEGORIES
TAGS
Share This