МИНИСТЕРОТ ХОЏА НАЈАВУВА – Јавна расправа за обновување на дозволата за УСЈЕ

Граѓанскиот сектор е важен партнер во заштитата на животната средина.

МИНИСТЕРОТ ХОЏА НАЈАВУВА – Јавна расправа за обновување на дозволата за УСЈЕ
Фото: Национал

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја почитува и поддржува секоја мирна форма на протест како демократско право и останува посветен на зголемување на транспарентноста и отвореноста на институцијата.

Во таа насока, како што беше најавено, Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за која веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓански организации, иницијативи и стручната јавност. Министерството верува дека суштинскиот напредок се постигнува преку отворен и аргументиран дијалог во институционални рамки.

Граѓанскиот сектор е клучен партнер во заштитата на животната средина, а транспарентните процеси создаваат доверба во институциите и овозможуваат одржливи решенија во интерес на граѓаните.

CATEGORIES
Share This