МИНИСТЕРОТ БОРКО ГИ КАЖА ПАРИЧНИТЕ НАГРАДИ – Македонските ракометари тргнуваат на ЕП

Македонија ќе има дополнителна мотивација преку паричните премии за секоја победа и пласман во втората фаза.

МИНИСТЕРОТ БОРКО ГИ КАЖА ПАРИЧНИТЕ НАГРАДИ – Македонските ракометари тргнуваат на ЕП
Фото: РФМ

Македонските ракометари го одработија последниот тренинг во Скопје пред заминувањето за Швајцарија, а потоа и за Данска, каде што ќе настапат на Европското првенство.

На тренингот ги посети Министерот за спорт, Борко Ристовски, кој им порача да играат со срце за Македонија.

„Играјте со срце, играјте за Македонија! Некогаш резултатите не се најважни, но секогаш е важно да се даде максимум и да се остави срце на теренот, особено кога се носи националниот дрес. Публиката тоа го препознава и го цени. Како некогашен репрезентативец, знам колкава чест и одговорност е тоа. Верувам дека ќе го претставите македонскиот ракомет достојно“, им порача Ристовски.

Дополнителна мотивација ќе им бидат обезбедените парични награди – по 2 милиони денари за секоја победа, како и дополнителни 2 милиони денари за пласман во втората фаза на шампионатот.

CATEGORIES
Share This