МИНИСТЕРОТ АЛИУ – Шест од десет компании за медицинска марихуана ги губат лиценците

Имињата на компаниите и причините за одземање ќе бидат објавени во вторник

МИНИСТЕРОТ АЛИУ – Шест од десет компании за медицинска марихуана ги губат лиценците
Фото: Национал

Од десетте компании кои имаат лиценци за одгледување медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање на лиценците, изјави министерот за здравство, Азир Алиу во телевизиско гостување.

„Од десетте процесирани компании, најмалку шест сега се во постапка за одземање на лиценците затоа што не ги исполнуваат условите предвидени во законот“, изјави Алиу.

Министерот додаде дека не може да даде повеќе детали за причините што довеле до заклучокот на стручната комисија на Министерството за здравство, бидејќи постапката сè уште е во тек.

На прашањето дали може да ги открие имињата на компаниите, Алиу рече дека во оваа фаза тоа не е возможно. Сите информации, вклучувајќи ги и причините и имињата на компаниите, ќе бидат објавени во вторник, кога Комисијата ќе ги заврши утврдувањата.

Тој нагласи дека ќе се менуваат правилниците за регулирање на оваа дејност.

CATEGORIES
Share This