МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА Солидарност и брза координација спречија ширење на пожарот
Министерството ја истакна важноста на солидарноста и брзата реакција на концесионерите, нагласувајќи дека ваквите моменти ја покажуваат значајноста на координираното и институционално дејствување при справување со кризни ситуации.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека веднаш по добивањето информации за пожарот во Трубарево се вклучило во координацијата на надлежните институции, со цел да се спречи неговото ширење и понатамошно загадување на воздухот.
Откако беше утврдено дека единствениот ефикасен метод за локализација на пожарот е затрупувањето на жариштето со големи количини песок, секторот за рударство веднаш стапил во контакт со концесионерите од околината на Скопје. И покрај тоа што станувало збор за неработен ден, компаниите веднаш ја активирале својата механизација и персонал.
Министерството изрази посебна благодарност до фирмите ЖИКОЛ – Струмица, ИЗГРАДБА КОМЕРЦ – Скопје, ЕУРО ПРОГРЕС – Долно Коњаре, Петровец и МИЉА – Скопје
Во рок од помалку од еден час, потребниот песок бил доставен на терен, со што пожарот бил локализиран, а понатамошното загадување на воздухот значително намалено.
Министерството ја истакна важноста на солидарноста и брзата реакција на концесионерите, нагласувајќи дека ваквите моменти ја покажуваат значајноста на координираното и институционално дејствување при справување со кризни ситуации.
„Благодарни сме на сите концесионери за нивната подготвеност и солидарност. Ваквите акции ја потврдуваат важноста на заедничката мобилизација на институциите во кризни ситуации“, истакна министерката Божиновска.


