МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ОТКРИВА – Како државата го спречи поскапувањето на горивата

Министерството за енергетика укажува нас табилизирани цени на горивата и спречено поскапување.

МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА ОТКРИВА – Како државата го спречи поскапувањето на горивата
Фото: Национал

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека со одлуката на Владата и активностите на надлежните институции е постигната клучната цел, спречено е поскапување на горивата и нивната цена е стабилизирана.

Регулаторната комисија за енергетика донесе нови цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ до следниот вторник:

  • Бензин „Евросупер БС-95“ – 86,50 ден/литар
  • Бензин „Евросупер БС-98“ – 88,50 ден/литар
  • Дизел „Евродизел БС (Д-Е V)“ – 95,50 ден/литар
  • Масло за горење ЕЛ-1 – 92,00 ден/литар
  • Мазут М-1 НС – 47,610 ден/кг

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, истакна дека намалувањето на ДДВ од 18% на 10% за горивата директно го намали ценовниот удар за 6-7 денари по литар и спречи дополнително поскапување. Анализите покажуваат дека без оваа интервенција, бензините ќе поскапеле за околу 6,5 денари, а дизелот за над 10 денари, што би предизвикало притисок врз транспортот, услугите и цените на основните производи.

Министерството информира дека е во континуирана комуникација со компанијата „Окта“ за зголемување на попустите, а се очекува и малопродажните трговци да ги пренесат олеснувањата до граѓаните.

Божиновска потенцираше дека одговорноста за стабилноста на цените е заедничка и државата и компаниите треба да делуваат координирано. Снабдувањето со горива се одвива непречено, државните резерви се стабилни, а пазарната инспекција врши засилени контроли. Производниот продуктовод Скопје-Солун (ВАРДАКС) овозможува континуирана и стабилна достава на гориво.

Министерството постојано ја следи состојбата на домашниот и меѓународниот пазар и е подготвено да интервенира со дополнителни мерки, вклучувајќи намалување на ДДВ-то, регулирање на трговските маржи или користење на државните резерви.

Во моментот, Македонија е меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот, што ја потврдува ефикасноста на мерките и стабилноста на енергетскиот систем. Приоритет останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и стабилноста на економијата.

CATEGORIES
Share This